За МАП
Здружението на преработувачи на Овошје и Зеленчук МАП се формира во Март, 2002.
Здружението нема политички карактер, е непрофитно и е регистрирано во согласност со законот за здруженија на граѓани и фондации на Р. Македонија.
Активности
Здружението своите услуги и активности ги насочува со цел да одговори на барањата на своите членови:
-
Заедничка набавка на суровини со цел да се добие поконкурентен финален производ
-
Земање учество на сите средби на кои се дискутира за преработувачките капацитети во РМ
-
Создавање на услови за заеднички извоз на своите членови со цел да се одговори на големи нарачки од странски купувачи
-
Координација околу усвојување на HACCP и ISO стандардите
-
Дистрибуција на информации околу новите трендови, регулативите на ЕУ и останатите целни пазари
-
Остварување на редовна комуникација со земјодел-ците и земјоделските здруженија со цел да се подигне постоечкото ниво на соработка преку процес на заедничко планирање
-
Координирање на соработката со домашни јавни и приватни институции, деловни субјекти и странски проекти активни во РМ
-
Воспоставување на соработка со странски институции и здруженија од сличен карактер
Членство
-
Од отворен карактер
-
За поединци и организации кои се активни во облас-та на преработувачката индустрија
Цели и задачи
Основната цел на МАП е да ја развива преработувачката индустрија на овошје и зеленчук, да го зголеми својот придонес во севкупниот економски развој и да го зголеми вработувањето во РМ.
Задачите на здружението се состојат во:
-
Зголемување на конкурентноста на македонските преработки од овошје и зеленчук
-
Зголемување на квалитетот на производите и воведување на знак за квалитет
-
Засилување на потенцијалот на своите членови за настап на странски пазари
-
Информирање на своите членови за новите пазарни трендови
-
Координирање на активности за заедничко изложување и посета на саеми
-
Лобирање насочено кон интересите на преработувачите на овошје и зеленчук
-
Обезбедување на дополнителна обука за своите членови